Облоги од кромид
Во случај на главоболка, отекување, болка во ушите и настинка, на воспалените места ставете облози со сечкан кромид.
За висока температура ставете облози со сечкан кромид на нозете.
Во случај на крварење, ставете облози со сечкан кромид на вратот.
За лир или за поткожен чир, изрендајте еден кромид и помешајте го со малку маслиново масло, а потоа ставете го на болното место и држете го 1 или 2 часа.
Сок од кромид
Исечкајте го ситно кромидот и стиснете го сокот. Ако имате воспаление на белите дробови или некоја друга болест, помешајте го сокот со 1 лажица мед и земајте од смесата 2 или 3 пати дневно.
За да го поттикнете растењето на косата, масирајте ја главата користејќи сок од кромид, неколку пати дневно.
Излекувајте ја кашлицата со сок од кромид разблажен со вода. Истиот рецепт важи за чистење на црева од паразити.
За кожни заболувања втријте сок од кромид во кожата неколку пати дневно.
Против надуен желудник, пијте сок од кромид помешан со ракија во еднакви пропорции.
Варен кромид
За зачестено мокрење и чир, исечкајте 1 главица кромид, помешајте го кромидот во 2 дл вода со 1 лажица мед. Потоа варете го кромидот со малку рузмарин, 2 дл вино и 2 дл вода и пијте 1 лажица на секој час.
Печен кромид
Ако имате проблем со згрутчување на крвта, секој ден треба да јадете една главица кромид пржена во маслиново масло, и тоа во попладневните часови и навечер.
Кај воспаление на уши, ставете на уво облог со врел печен кромид и држете го така извесно време.
Кај различни видови на тумори, листови на печен кромид ставете на површината од кожата.