Повремено се случува да немате довоно леб, а мрзливи сме за да одиме во пекара или во продавница или пак не мрзи да го месиме и и да чекаме да стаса. Имам решение и за тој проблем…
Овој вкусен леб не се меси, не стасува, експресно е готов и содржи една интересна состојка – пиво.
Немојте да бидете скептични, испробајте го и уживајте!
Други рецепти на блогерката 50 shades of hunger побарајте на нејзиниот Фејсбук и Инстаграм профил!
Состојки:
375 г брашно
3 лажички прашок за пециво
1 лажичка сол
Прстофат шеќер
350 мл пиво
100 г путер (за премачкување)
Приготвување:
Помешајте ги сувите состојки и додадете пиво. Преместете го тестото во намрсен калап за леб и премачкајте го со растопен путер.
Печете во загреаната рерна на 200 степени околу еден час.
Фотографијата и рецептот се од ТУКА.