Куркумата го намалува ризикот од рак

Кога станува збор за природни лекови, слободно може да се каже дека куркумата го зазема местото на престолот. Со помош на сок од куркума се чистат токсините од организмот и се намалува ризикот од рак

0
431

Кога станува збор за природни лекови, слободно може да се каже дека куркумата го зазема местото на престолот. Со помош на сок од куркума се чистат токсините од организмот и се намалува ризикот од рак. Куркумата е моќен зачин што содржи повеќе од 300 антиоксиданси, а токму тоа ја прави силен природен лек. Во својот разреден облик куркумата станува силен лек кој делува како аналгетик и има противвоспалителни својства.

Таа е позната и како зачин број 1 кога станува збор за јакнење и негување на организмот. Куркумата е најефикасна во превенција од рак на јајници. Исто така, им помага на жените во менопауза кои земаат хормонски надоместоци, за намалување на ризикот од рак на дојки. Други истражувања укажуваат на тоа дека куркумата помага во превенција на ракот на дебело црево и простата и спречува леукемија кај децата.

Исто така, куркумата се покажала многу ефикасна во намалување на проблемите со варењето, од типот на надуеност, киселини и гастритис. Им помага и на оние кои имаат проблеми со гасови и надуеност после оброкот. Алцхајмеровата болест е тешко невролошко пореметување при кое личноста страда од постепено губење на помнењето. Оваа болест има многу компликации и нуспојави, а куркумата го инхибира развојот на оваа болест и помага во намалување на плакот на мозокот.

Заради сето ова, но и ако сте сосема здрави, заради превенција, правете си го овој сок од куркума.

Потребни состојки:

1 лажица куркума во прав

1 парче ѓумбир (околу 5 cm)

5 моркови

2 лимони

1 портокал

1 краставица

Приготвување:

Излупете ги лимоните и портокалот, ѓумбирот, морковите и краставицата. Сите состојки ставете ги во блендер, додадете ја куркумата и ќе добиете густ сок што ќе ви ги исчисти токсините од телото, а ќе биде и превенција од сите здравствени проблеми што ги набројавме.