Кулинарска војна помеѓу две држави: Чиј е хумусот?

Во вкусниот намаз од наут уживаат многу луѓе ширум светот, а додека ние уживаме, некаде се водат „војни за хумусот“.

0
585

Кога ќе помислиме на потеклото на хумусот на памет ни паѓаат арапските земји, но која точно не е ни важно.

Но во меѓувреме, Либан и неочекувано, Израел, водат битка околу правото на потеклото на хумусот.

Многумина се обиделе да го присвојат, но со малку докази за своите тврдења.

Повеќето состојки во оригиналниот хумус (наут, таан, лук, лимон), се користат веќе со векови во Турција и во арапските земји.

А „војната“, во која Либан го обвинил Израел дека ја присвоил и ја промовирал нивната традиционална храна, почнала пред 10 години.

Претседателот на Здружението на либански индустријалисти отишол дури толку далеку што го тужел Израел затоа што го промовира хумусот како свое јадење.

Но без успех.

„Војната“ продолжила на интересен начин, со соборување на рекордот во правење на најголемиот хумус на светот.

Во 2009.година рекордот го собориле Либанците и со хумус од 2.000 килограми завршиле во Гинисовата книга на рекорди.

Израелците го возвратиле ударот и направиле двојно повеќе, а го послужиле на сателитска чинија.

Но, од 2010.рекордот сепак го држат Либанците кои одлучиле да направат толку килограми хумус колку што има квадратни километри нивната држава – 10.452.

Додека тие се препукуваат, некои стручњаци сметаат дека теориите не им држат вода и дека хумусот е всушност по потекло од Сирија.

Други сметаат дека е грев купечкиот хумус да се нарекува хумус и дека тоа треба да се забрани со закон.