Состојки:
Околу 1,2 кг. плетенка кукурец
6-8 ловорови ливчиња
6-8 чешниња лукче
2 моркови
црн пипер во зрно
по потреба вода
1дл. бело вино
масло
2 лажици брашно
1 лажица мелен црвен пипер
1/2 лажица буковка
1 лажица суво нане
по желба зачини (мешан сув зеленчук, црн пипер, сол, магдонос)
Приготвување:
- Кукурекот се мие убаво и се зоврива во неколку води (2-3), а во последната 4-та вода се додаваат ловоровите ливчиња и половина од лукчињата, морковите и сол по вкус. Се вари на умерен оган, се додека не омекнат.
- Потоа се сече на парчиња и се реди во земјена тава. Се додаваат сварените моркови, нови ловорови ливчиња и лукчиња, се налева вода – дел од таа во која се вареше, дел чиста и виното. Течноста треба да биде до половина на кукурекот.
- Се става во загреана рерна уште 30 минути.
- Се прави запршка. (На масло се пропржува брашното, па се додаваат двата вида пипер). Се истура запршката во земјената тава и се додаваат сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер, суво нане и магдонос. Се враќа во рерна уште малку додека не проврие сосот.