Состојки:
6 круши
50 г ореви
50 г суво грозје
40 г суви брусници
40 г суви кајсии
1 л бело вино
150 г кафеав шеќер
1 лимон
1 лажичка цимет
Каранфилчиња
Приготвување:
- Излупете ги крушите и исечете ги на два дела. Истријте им ја површината со лимон и издлабете им ја средината.
- Сувото овошје и оревите ситно исечкајте ги, и поделете ги на шест дела со кои ќе ги пополните вдлабнатините во крушите
- Виното варете го со шеќерот, неколку парчиња лимон, каранфилчиња и лажичка цимет.
- Во зовриеното вино додадете ги крушите и варете ги додека да омекнат. Пред послужувањето разладете ги.