Состојки:
Кафеава смеса:
120 г чоколадо со најмалку 70% какао
120 г путер
2 јајца
60 г брашно
150 шеќер
Светла смеса:
60 Јајце
60 г шеќер
1 ванилин шеќер
250 г крем сирење и добро изработено свежо кравјо сирење
Приготвување:
1. Стопете ги чоколадото и путерот. Јајцата изматете ги со шеќерот и додадете им го стопеното чоколадо. Се добро измешајте па додадете го и брашното
2. Сирењето, јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер мешајте ги додека не добиете компактна смеса.
3. 2/3 темна смеса од чоколадо распоредете ја во помала тепсија (околу 20X35), одозгора ставете ја светлата смеса од сирење на која на крајот го додавате остатокот од темната смеса, земете чепкалка или нешто слично и прошарајте односно промешајте ги двете смеси.
4. Печете околу 30-35 минути на 180 степени Целзиусови