Состојки:
6 млади кромитчиња
2 чешниња лук
1 чили пиперче
200 г варено пилешко исечено на коцкички
2 лажици масло
1 лажичка мелена куркума
300 мк кокосово млеко
900 мл пилешка супа
50 г тестенини (фиде)
1/2 лимон
сол, црн пипер
1-2 лажици исечкан кориандер
Китка свеж кориандер за украсување
Приготвување:
- Исечкајте ги младиот кромид и лукот. Чили пиперчето исчистете го од семките и исто така исечкајте го ситно.
 - Пилешкото сварете го и исчистете го од кожата и коските.
 - Загрејте голем вок, ставете масло и кога ќе се загрее пропржете ги кратко кромидот, лукот и пиперчето, па додадете ја куркумата и пржете уште минута.
 - Измешајте ги кокосовото млеко со пилешката супа (водата во која го варевте месото), и додадете го во вок тавата. Додадете ги и тестенините и лимонот исечен на тенки парчиња и почекајте да зоврие.
 - Варете во полупокриена тава 10-12 минути и повремено мешајте.
 - Извадете ги парчињата лимон и додадете го пилешкото месо. Зачинете по вкус и варете на тивко уште 2-3 минути.
 - Додадете го исечканиот кориандер, сервирајте во чинии за супа и украсете со свеж кориандер.
 
            










































