Состојки:
12 урми
2 авокада
1 лажица јаворов сируп
1 лажица сок од лимон
200 г јагоди
Приготвување:
- Урмите исечкајте ги и оставете ги потопени во врела вода околу 30 минути. Процедете ги, а водата во која биле натопени оставете ја настрана.
- Преполовете го авокадото, извадете ја семката и излупете го. Плодот заедно со урмите измешајте ги во блендер или со миксер. Додадете и малку од водата во која беа натопени урмите, а потоа помешајте ја смесата со јаворовиот сируп и сокот од лимон, распоредете ја по чаши и украсете со свежи јагоди.
- Оставете ја во фрижидер барем на 1 час.