Компири во ромеско сос

0
543

Состојки:

За сосот
5 чили пиперки
2 лажици бадеми
2 лажици лешници
1 ¼ маслиново масло
1 парче леб
1/3 шолја сос од домати
1 чешне лук
1 лажица магдонос, сечкан
сок од ½ лимон
балсамиран оцет
сол

За компирите
600 г компири
¼ шолја маслиново масло
4-5 чешниња лук
2 листа лорбер
6 гранчиња мајчина душичка, плус 2 лажици
1 шолја ромеско сос
2 лажици магдонос, сечкан
сол
бибер

Приготвување
1. За сосот: Извадете ги семките од чили пиперките и оставете ги во вода 15 минути да омекнат. Исцедете ги и исушете ги со хартија.

2. Потпечете ги бадемите и лешниците 8-10 минути.

3. Загрејте 2 лажици масло во тава и испржете го лебот од двете страни. Откако ќе се излади исечкајте го на коцки.

4. Вратете ја тавата на оган, додајте 2 лажици масло и испржете ги пиперчињата 1-2 минути. Додајте ги доматите. Потоа додајте сол и бибер.

5. Во блендер измешајте ги бадемите, лешниците, лукот и лебот. Додајте ја смесата со доматите и мешајте уште 1 минута. На крајот, додајте го магдоносот, сокот од лимон, оцетот и сол.

6. За компирите: Ставете ги компирите во тава за печење со 2 лажици маслиново масло, лук, лорбер, мајчина душичка и лажичка сол. Покријте ги со фолија и печете 30-50 минути на 180 степени.

7. Откако ќе се испече извадете ги лорберот и мајчината душичка и извадете го лукот од лушпата.

8. Загрејте масло во тава, згнечете го компирот со вилушка, додајте го во тавата заедно со сол и бибер и пржете 6-8 минути.

9. Сервирајте ги компирите со ромеско сос и свеж магдонос.