Колку долго може да стои храната во фрижидер, а да не се расипе?

Кренвишли, салами, мелено месо, супи, салати...Погледнете колку долго може да ги чувате во фрижидер, а да не се расипат.

0
1062

Ако сакате да замрзнувате храна или да ја чувате во фрижидер, можеби добро ќе ви дојдат информации за тоа што може да се замрзне и колку долго, а квалитетот на храната да не биде доведен во прашање..

FoodSafety донесува совети за тоа како правилно да се чува храната во фрижидер и замрзнувач. Објавени се насоки за складирање на храната за да се спречи прерано расипување. Можеби ќе ве изненади колку некои намирници можат да останат во фрижидер.

Дали оставате отворено пакување кренвишли во фрижидерот, а не знаете колку долго можат да стојат така? Ставате ли различни салати со тестенини во фрижидер или во замрзнувач?

  1. Салата од туна, со јајца или тестенини

Овие салати се одлични ладни, но не ги чувајте во фрижидерот подолго од 3 до 5 дена. Не ги замрзнувајте.

  1. Отворено пакување кренвишли

Можат да стојат во фрижидер до една недела, а може и да се замрзнат. Замрзнатите кренвишли можат да „издржат“ во замрзнувач до два месеци.

  1. Неотворено пакување кренвишли

Ако сте купиле пакување кренвишли и само сте го ставиле во фрижидер без отварање, на тој начин можете да ги чувате две недели, а во замрзнувач исто како и отворените – до два месеци.

4. Исечена салама

Месните деликатеси, салами кои не се во оригинално пакување туку се отворени, можете да ги чувате во фрижидер три до пет дена. Можете да ги замрзнете и да ги чувате така до два месеци.

  1. Неотворено пакување салама

Во фрижидер ќе „издржат“ до две недели, а во замрзнувач, како и отвореното пакување, до два месеци.

6. Сланина

Една недела можете да ја чувате сланината во фрижидер. Ако не сте сигурни дали ќе ја изедете во тој период, можете да ја замрзнете и така да ја чувате еден месец.

7. Сирови колбаси

Препорака е веднаш да ги подготвите за јадење, а најдоцна во рок од два дена. Во замрзнувач можете да ги чувате до два месеци.

  1. Мелено месо

Меленото месо, без оглед за кој вид на месо станува збор, исто така треба брзо да го приготвите затоа што во фрижидерот може да стои до два дена пред да стане сомнителен неговиот квалитет. Ако не сте сигурни дали ќе стасате да го подготвите во толку краток рок, замрзнете го зашто така можете да го чувате и 3-4 месеци.

9. Стекови

Свежите стекови во фрижидер можат да „стојат“ три до пет дена, а ако ги замрзнете, можете да ги чувате и до една година.

10. Пилешко или мисиркино

Цело пиле или мисирка чувајте ги во фрижидер до два дена, потоа квалитетот на месото ќе стане сомнителен. Можете да го замрзните и така да му го продолжите рокот на употреба и до година дена. Ако замрзнувате исечени делови, како батаци, карабатаци, крилца, можете да ги чувате во замрзнувач до 9 месеци пред употребата.

11. Супи

Без оглед дали во нив има тестенини или месо или двете, не ги јадете супите ако стоеле во фрижидерот подолго од 4 дена. Ако ги замрзнете, можете да ги чувате и до 4 месеци.

12. Печено месо

Ви останало од ручек или вечера? Печеното месо можете да го чувате во фрижидер до 4 дена, а во замрзнувач до 6 месеци.

13. Остатоци од похувано, печено или пржено месо

Ако ви остане нешто вакво, ставете го во фрижидер и изедете го во рок од 4 дена. Ако сакате да го замрзнете, имате рок од 4 месеци за да го изедете пред да стане квалитетот сомнителен.

  1. Пица

Ако сте помеѓу оние кои можат да јадат пица и откако ќе се олади, можете да ја чувате во фрижидер до 4 дена, а во замрзнувачот до 2 месеци.

  1. Јајца

Свежите јајца можете да ги чувате во фрижидер до 5 недели, а цели не се обидувајте да ги замрзнете. Ако баш морате, изматете ги сите јајца заедно и така замрзнете ги.

16. Варени јајца

Тврдо варените јајца најчесто остануваат во фрижидер со денови после Велигден. Можете да ги чувате без ризик за здравјето една недела, но не ги замрзнувајте.

Фото: Pixabey