Состојки:
175 гр светол мусковадо кафен шеќер
100 гр интегрално брашно
100 гр брашно
1 лажичка сода бикарбона
2 лажички мешан зачин за колачи
рендана кора од 1 портокал
2 јајца
150 мл сончогледово масло
200 гр моркови, рендани
портокалова боја за декорација
За прелив:
100 гр путер, омекнат на собна температура
300 гр меко сирење
100 гр шеќер во прав, просеан
1 лажичка екстракт од ванила
Приготвување:
1. Во голем сад измешајте ги шеќерот, брашното, содата бикарбона, мешаниот зачин и кората од портокал.
2. Изматете ги јајцата и маслото заедно, а потоа додадете ги во сувите состојки заедно со ренданиот морков.
3. Сипете ја смесата во хартиени чашки за мафини. Печете 20-22 минути на 180C/160C со вентилатор.
4. За преливот, изматете го путерот и додадете го крем сирењето, а на крај додадете ги шеќерот во прав и ванилата и повторно изматете.
5. Нанесете го преливот на врвот на колачите, а потоа украсете ги по желба.