Колачи од лимон

0
511

Состојки:

95 г брашно

90 г шеќер

лажичка сол

100 г путер

2 јајца

2 лажици свеж сок од лимон

2 лажици рендана кора од лимон

Состојки за глазурата:

Шолја шеќер во прав

3 лажици свеж сок од лимон

2 лажички рендана кора од лимон

Приготвување:

  1. Во широка тава ставете хартија за печење и попрскајте ја со малку зејтин и ставете ја настрана.
  2. Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, солта и путерот.
  3. Во друг сад измешајте ги јајцата, па додадете ги сокот и кората од лимон. Додадете ја оваа смеса во првата и мешајте околу две минути.
  4. Ставете ја смесата во приготвената тава за печење и убаво распоредете ја. Печете на 180 степени околу 20 минути.
  5. Кога е готов, оставете го да се олади.

Глазура:

  1. Ставете го шеќерот во прав во голем сад и додадете ги останатите состојки и измешајте ги убаво.
  2. Ставете ја смесата врз испечениот и изладен колач и исечете го на коцки.