Колач со вишни од вишновка

Ако сте од оние што си прават сами ликер од вишни или таканаречена вишновка и не знаете што да правите со вишните што ви останале во шишето, еве еден добар предлог

0
235

Состојки:

150 г путер на собна температура

80 г кафеав шеќер

3 големи лажици какао

4 јајца

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

100 мл јогурт

300 г брашно

вишни од вишновка (не претерувајте, треба да јадат и децата)

брусници

5-6 сечкани свежи урми

Приготвување:

Изматете ги путерот и шеќерот, па едно по едно, додавајте ги и матете ги јајцата. Додадете го јогуртот, а потоа полека, малку по малку брашното, прашокот за пециво, какаото и ванилиниот шеќер.

На крајот додадете ги вишните, урмите и брусници по желба.

Истурете ја смесата во подмачкана тепсија или врз хартија за печење и печете половина час на 200 степени Целзиусови во претходно загреана рерна.

Одлично оди со киви или некое друго овошје по желба.