Состојки:
500 г несолена урда
6 лажици гриз
4 јајца
1/2 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
6 лажици кафеав шеќер
100 мл масло (може и кокосово масло или стопен путер)
250 г пекмез од кајсии
За трошките:
100 г кафеав шеќер
180 г брашно
100 г путер
Приготвување:
Се мешаат јајцата и шеќерот, па се додаваат другите состојки, освен пекмезот. Се истура смесата во подмачкана тепсија и одозгора се распоредува пекмезот.
Состојките за трошките се мешаат се додека не добиете трошки кои се распоредуваат врз пекмезот.
Се пече на 180 степени околу 40-45 минути.