Состојки:
За тестото:
1 јајце
250 г брашно
125 г путер
малку прашок за пециво
За кремот:
3 јајца
400 г несолена урда
1 павлака
1 шолја јогурт
1/2 шолја кокосово масло
2 пудинзи од ванила
сок од 1/2 лимон
1 ванилин шеќер
250 г шеќер
Приготвување:
Замесете тесто од брашното, путерот, 1 јајце и малку прашок за пециво и ставете го во фрижидер на најмалку половина час.
За кремот изматете ги сите состојки.
Расукајте го тестото, префрлете го во калап за колач и обложете ги страните од калапот. Истурете го кремот и ставете го колачот да се пече во загреана рерна на 175 степени околу 1 час.
Кога ќе се олади, ставете го во фрижидер да се излади убаво и послужете.