Колач со круши и крем од лимон

0
673

Состојки:

270 г брашно

1 лажичка прашак за пециво

Прстофат сол

200 г шеќер

1 ванилин шеќер

100 г мелени лешници

3 јајца

170 г путер

½ лимон

300 г кисела павлака

1 пудинг од ванила

750 г круши

1 лажица шеќер во прав

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Намрсете го калапот на кој може да му се одвои дното.
  2. Помешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта, 150 г шеќер, ванилин шеќер и лешници. Изматете едно јајце. Стопете го путерот.
  3. Замесете тесто и додадете ги јајцето и путерот па направете трошки. Пола од трошките распоредете во калапот а преостанатите ставете ги во фрижидер на 1 час.
  4. Печете го тестото околу 10-15 минути па оставете го да се олади. Измијте го лимонот, исцедете го сокот, а кората изрендајте ја.
  5. Изматете ги павлаката, сокот и кората од лимон, преостанатиот шеќер, преостанатите јајца и прашокот за пудинг. Излупете ги крушите и исечете ги на дебели парчиња.
  6. Намачкајте го кремот врз тестото, распоредете ги одозгора крушите, поросете со преостанатите трошки и печете околу 45 минути.
  7. Оставете да с еолади и поросете со шеќер во прав.