Состојки:
125 г путер
300 г шеќер
1 лажица рендана кора од мандарини
½ лажичка цимет
½ лажичка кардамон
2 jajца
300 г брашно
1 прашак за пециво
140 г павлака
125 мл сок од мандарини
4 мандарини
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 180 степени и намрсете го калапот за печење, па поросете го со брашно.
- Измешајте ги путерот, 200 г шеќер, кората од мандарини, циметот и кардамонот додека не добиете крем.
- Додека мешате додавајте едно по едно јајце.
- Додадете ги брашното, прашакот за пециво и павлаката и добро измешајте.
- Печете околу 40 минути.
- Додека колачот се пече подгответе ги пошираните мандарини. Измешајте во сад сок од мандарини и останатиот шеќер. Варете и мешајте околу 5 минути додека шеќерот не се стопи. Зголемете ја температурата и варете додека не добиете густ сируп.
- Мандарините исчистете ги од лушпата и од белите делови, наредете ги во сад и прелијте ги со сирупот од сок и шеќер.
- Се уште топлиот колач полијте го со сирупот и украсете го со мандарини.