Колач од јаболки и бадеми

0
307

Состојки:

3 јајца

100 г путер

1/4 шолја јаворов сируп

1/2 лажичка екстракт од ванила

1 шолја бадемово млеко

140 г брашно

1/2 лажичка цимет

Малку морско оревче

1 лажица какао

1 прашок за пециво

Малку сол

200 г јаболки

50 г бадеми

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180°C. Премачкајте го калапот со путер или ставете хартија за печење.
  2. Измешајте ги со миксер јајцата, путерот, јаворовиот сируп и екстрактот од ванила. Додадете го бадемовото млеко, какаото, брашното, циметот, морското оревче, прашакот за пециво и сол.
  3. Добро измешајте и на крајот додадете ги изренданите јаболка, а половина јаболко оставете за украс.
  4. Ставете го тестото во калапот и одозгора распоредете ги кришките од половината јаболко за украс и поросете со бадемови ливчиња.
  5. Печете 40-42 минути.