Која храна не смеете да ја чувате во фрижидер?

Некои намирници на ниски температури ги губат своите нутритивни вредности, вкусот, текстурата и побрзо се расипуваат, па заради тоа не би требало никогаш да ги ставате во фрижидер.

0
1506

Колку намирници веднаш по купувањето ги ставате во фрижидер? Веројатно повеќето, вклучувајќи ги овошјето и зеленчукот, а во лето и чоколадите и други слатки. Еве кои намирници не е препорачливо да се ставаат во фрижидер затоа што на ниски температури ги губат своите нутритивни вредности и побрзо се расипуваат.

Авокадо

Кога неизлупено авокадо ќе ставите во фрижидер, тоа брзо почнува да ја впива влагата и станува меко. Чувајте го во корпата со овошје на собна температура.

Компири

Кога компирите се чуваат на температура пониска од 7 степени, нивниот вкус ќе стане непријатно слаткаст. Чувајте ги во хартиена кеса на собна температура.

Чоколадо

Иако звучи како логичен избор, особено кога станува збор за лето, ниските температури предизвикуваат кристализација на сахарозата од чоколадото, која излегува на површината и се појавуваат бели дамки, а неговиот вкус се менува.

Кромид

Влагата од фрижидерот ќе го омекне кромидот и ќе го направи неупотреблив. Освен тоа, ако се чува на влажни места, во кромидот почнуваат да се развиваат штетни бактерии и мувла.

Кафе

Кафето не треба никогаш да се најде во фрижидерот, затоа што ги впива сите други мириси и така го губи вкусот заради кој толку многу го сакаме. Чувајте го кафето на суво и темно место.

Домати

Освен што го менуваат вкусот и текстурата, ниските температури предизвикуваат доматите побрзо да омекнат и брзо да скапат.

Банани

Се прашувате зошто понекогаш кога ќе купите банани тие брзо скапуваат? Тоа е затоа што веќе биле во замрзнувачи и фрижидери. Ако и вие ги чувате на ниски температури, очекувајте скапани и црни банани уште следниот ден.