Кои се најздравите видови сирење?

Иако некои велат дека ги затнува артериите, дека е калоричен и додава килограми, тоа не значи дека не треба да го јадеме.

0
2184

Сирењето е добар извор на квалитетни протеини, калциум, фосфор, а има и други поволности за здравјето. Секако, ако го изберете вистинскиот вид и ако го консумирате умерено.

Еве кои видови на сирење и кашкавал се сметаат за најздрави.

Фета сирење

Клучна состојка на грчката кујна, фета сирењето има помалку масти и калории од повеќето други видови на сирење, вели Натали Каине-Биш, доцент на предметот исхрана и диететика на Кент стејт универзитетот. Во 30 грама фета сирење, што е сосема доволно за една порција грчка салата, има 4 грама протеини и само 74 калории.

Професоркатa Натали Каине-Биш вели дека заради карактеристичниот силен вкус, фета сирењето можете да го користите во помали количини. Соленото фета сирење, освен во салати, можете да го додавате и во чорби, а добро оди и со компири или јагоди, па и со лубеница.

СОВЕТ: Иако домашното фета сирење обично се прави од кравјо млеко, оригиналното грчко фета сирење се прави од овчо или козјо млеко што е подобра опција за оние кои имаат проблеми со варењето и страдаат од интолеранција на лактоза. Имајте на ум дека непастеризираната фета и другите видови на меки сирења почесто од пастеризираните, можат да содржат опасна бактерија листерија, па затоа се препорачува да купувате фета од пастеризирано млеко – ова посебно важи за бремените жени и за лицата со ослабен имунитет.

Моцарела

Ова е омиленото детско сирење, а го сакаат и возрасните. И за едните и за другите е добар избор. Моцарелата од делумно обрано млеко содржи помалку калории, а и натаму е богато со протеини (30г = 71 калорија и 7г протеини).

СОВЕТ: Бидејќи обично се пакува такашто едно пакување претставува една порција, моцарелата е практичлно за да го понесете на работа и да го јадете како здрава ужина.

Пармезан

Како и фета сирењето, и пармезанот е добар избиор затоа што е доволно само малку од ова сирење за да го збогати секое јадење. Пармезанот содржи релативно малку калории (30г имаат 110 калории), но е богат со натриум (30г содржат 449мг), па јадете го умерено.

СОВЕТ: Пармезанот можете да го изрендате во салата или да изедете мало парченце со јаболко или со круша. Секако, тој е важна состојка на пастите и на пиците.

Ементалер

Ова популарно швајцарско сирење, е уште едно сирење со силен вкус кое претставува добар избор. Постојат бројни видови на ова сирење, па така и оние со мал процент на натриумн или масти, што ви овозможува да најдете верзија која им одговара на вашите диететски потреби.

Како и тврдото сирење, ементалерот е побофат со фосфор од речиси сите меки сирења. А како што е познато, особено за жените од сите возрасти, калциумот и фосфорот им се клучни минерали за формирање на силни коски и за одржување на нивната густина.

СОВЕТ: Додадете кришка ементалер во сендвичот или изрендајте го врз кајгана или врз јајце на око. Коцките од ова сирење се одлична ужина, особено со некое овошје наместо крекери.

Швапско сирење

Ова сиурење е богато со протеини, има разновидна употреба, а постојат и верзии со помалку масти кои се препорачуваат. Ова сирење можете да го јадете со сите намирници, одлично оди и со зеленчук и со овошје. Впрочем, ова сирење е составен дел од некои колачи. Во 30 грама од ова сирење (ако станмува збор за нискомаслена варијанта) има 3 грама протеини и само 20 калории. Како и останатите сирења, и ова е богато со калциум.

СОВЕТ: Швапското сирење може да содржи доста натриум, особено ако има малку или воопшто масти. Затоа бидете внимателни при купувањето и одберете ги оние варијанти со помалку натриум.