Кои намирници треба да се исфрлат од исхраната во лето?

Ако сакате да се чувствувате здраво и добро за време на тропските горештини, и да ја намалите тежината во стомакот, треба да избегнувате одредени намирници.

0
515
Еве кои намирници треба да се исфрлат од менито за време на летните горештини за да ја намалиме тежината во стомакот.
Презачинета храна

Зачинетата храна е повкусна, но за време на големите горештини не е баш препорачливо да се користат зачини, затоа што е познато дека тие, освен што го подобрувааат вкусот на храната, умеат да го загреат телото забрзувајќи го метаболизмот, што предизвикува почесто да чувствувате глад.

Месо

Во лето избегнувајте да јадете месо. Доколку можете да се воздржите од скара, направете го тоа, затоа што претераното консумирање на месо во лето може да предизвика претерано потење, но и проблеми со варењето.

Брза храна

Ваквата исхрана не е воопшто препорачлива, а особено не за време на големите летни горештини, кога може само да ве надуе, да предизвика проблеми со варењето и да ви додаде некој сантиметар плус.

Сосови 

Познато е дека сосовите се исклучително калорични, па најдобро е да ги избегнувате за време на летните горештини, а доколку не ножете да им одолеете, тогаш е најдобро да ги направите сами затоа што само така ќе знаете што има внатре.