Кога станува збор за храна, важи правилотo дека се што е кафеаво е поздраво од белото, и шеќерот, и тестенините и лебот…Некои сметаат дека е таков случајот и со јајцата, па можеби затоа не е невообичаено кафеавите јајца да се поскапи од белите. Некои тврдат дека кафеавите јајца се подобри затоа што содржат повеќе нутриенти, некои пак мислат дека имаат подобар вкус од белите, додека пак трети сметаат дека за приготвување на одредени јадења се подобри едните, а за дури јадења другите. Некои сметаат дека се потполно исти и по состав и по вкус и за приготвување на различни јадења, а се разликуваат единствено по бојата на лушпата.
Колку пати ни се случило во некои јајца жолчката да е пожолта, а токму тоа е случај обично кај кафеавите јајца. Причина за ова е начинот на исхрана на кокошките. Оние кокошки кои не се дел од индустријата, односно, се одгледуваат во домаќинствата, почесто несат кафеави јајца. Токму оттука и ставот дека кафеавите јајца се поздрави од белите. Сепак, кога сакате да одберете здрави јајца, не треба да се раководите толку по бојата на лушпата, туку по бојата на жолчката.