Со кои 10 намирници можете да ослабнете додека ги грицкате

Кои десет намирници се вашиот паметен избор кога сакате да грицкате а да изгубите барем дел од телесната тежина.

0
567

Грицкањето помеѓу оброците може да го спречи гладот, такашто кога ќе седнете на маса за вечера, веќе ќе бидете сити. Но исто така, грицкањето може да има и контраефект, односно, ако нема да ви се вечера, вие ќе се здебелите!

Кои грицки се вашиот паметен избор?

Бадеми

Едно истражување утврдило дека оние кои ги џвакаат бадемите темелно се подолго сити од оние кои ги џвакаат помалку пати

Грејпфрут

Утврдено е дека оние кои јадечле по еден грејпфрут со секој оброк, ја намалиле телесната тежина за период од околу три месеци.

Наут

Чувајте наут во оставата. Тој има многу влакна и малку протеини и е совршен кога сакате да ослабнете.

Грозје

Ставете грозје во замрзнувачот и ќе имате лесна закуска, која ќе ви донесе големо задоволство а малку калории.

Чоколадо

Дозволете си малку уживање и тоа секој ден. Ако ви се пие чаша вино, напијте се, а ако преферирате десерт, почестете се со чоколадо и скокнете го пијалокот.

Пуканки

Пуканки се богати со растителни влакна, масти и обезбедуваат некои протеини. Слободно уживајте во поголема количина и ќе ја имате потребната енергија.

Јогурт

Користете ги закуските за да ги пополните празнините во исхраната. Направете од вашата закуска оброк. Изберете ги оние кои обезбедуваат калциум и влакна, две хранливи материи кои луѓето често ги прескокнуваат.

Хумус

Прескокнете ги нездравите грицки и земете си од домашно приготвениот хумус со малку бадеми, или со неколку переци. Ќе ви помогне да издржите до вечерата.

Овесна каша

Изберете ја мудро вашата полноќна ужина. Специјалистите пред да си легнете препорачуваат ужина која е богата со јаглехидрати и содржи малку протеини.

Суво овошје

Немојте да се прелажете за време на патувањата. Подгответе си ужинка од суво овошје, неколку бадеми и неколку пченични крекери како поздрава алтернатива на солените закуски.