Ќофтиња од просо

Можеби и е храна за птици, ама тоа не значи дека од просо не може да се направи нешто вкусно и здраво. Напротив, можат да се направат фантастични ќофтиња поради кои ќе промовираме нова поговорка: „гладна кокошка ќофтиња од просо сонува“!

0
1887

Состојки:

1 шолја просо

2 шолји вода

Малку сол

1 црвен кромид

1 лажица сусам

Малку мелено чили

100 мл сончогледово масло

Приготвување:

  1. Измијте го просото и ставете го да се вари во ладна вода. Кога водата ќе зоврие, додадете сол и продолжете со варење уште 15-20 минути. Тргнете од оган и оставете да се лади.
  2. Во млако просо, додадете го кромидот исечкан на коцкички, сусамот и чилито и обликувајте ќофтиња.
  3. Загрејте го маслото и испржете ги.