Кој зеленчук треба да се јаде сиров, а кој зготвен?

Цвеклото треба да се јаде свежо, брокулата и спанаќот - кусо сварени, пиперките сирови, а доматите термички обработени...

0
1704

Кога станува збор за зеленчукот, сигурно е едно – треба да се консумира што повеќе и во секој оброк. Сите знаеме дека зеленчукот е добар за нашето тело, но многу од нас се во недоумица дали е подобро зеленчукот да се зготви или да се јаде сиров за да се добијат потребните нутриенти.

Еве кој зеленчук е подобро да се јаде сиров, а кој зготвен?

Доматите би требало пред консумирањето термички да ги обработиме. Топлината ги разградува дебелите клеточни обвивки на овој зеленчук и помага за телесна аппсорпција на некои материи кои се врзуваат токму за клеточните мембрани на доматот. Пред консуирањето термички би требало да се обработуваат ии руколата и брокулата, кељот, карфиолот, зелката, прокељот, па дури и ротквиите и поточарката.

Наведениот зеленчук содржи хемикалии кои ја блокираат работата на тироидната жлезда па се смета дека е добро барем малку да се попари или кусо да се свари.

Практично, брокулата е еден од ретките зеленчуци кои, според истражувањата, имаат повеќе хранливи состојки кога се сварени отколку во сиров облик. Одлична е за регенерација на клетките и ѝ се припишуваат антиканцерогени својства.

Иако најчесто ги јадеме сирови, за подобра апсорпција на каротеноидите, препорачливо е морковите да се сварат во зовриена вода.

Варењето на морковите максимално му ја олеснува на нашето тело можноста за искористување на сите позитивни дејства од морковите па е препорачливо и таа да се вари пред консумирањето.

Спанаќот јадете го варен – на тој начин ќе апсорбирате повеќе железо, калциум и магнезиум. Иако е корисен и сиров, со варењето на спанаот ќе му помогнете на телото да го апсорбира калциумот со кој е богат овој зеленчук. Најкорисно би било да го спремите на пареа.

Компирот и бататот е најдобро да се варат со лушпа затоа што таа содржи најголем дел од хранливите материи од овие плодови. Доколку можете, препорачуваме да ги готвите на пареа се додека не станат доволно меки за консумација. Следниот најдобар начин на подготвување на овие намирници е печењето, затоа што со варењето во вода се губат огромни количини на нутриенти.

Најздрав начин на консумација на кромидот е да се јаде сиров. Ако го готвите тој ќе изгуби повеќе алицин, фитонутриент кој ни помага да го држиме апетитот под контрола.

Од друга страна, кромидот е богат со флавоноидот кверцетин кој има противвоспалителни својства, а количината на флавоноидите се зголемува токму со варење!

Жолтиот и црвениот кромид содржат повеќе флавоноиди отколку белиот, а се препорачува да се динста најмногу пет минути.

Цвеклото треба да се јаде сирово, затоа штпо со готвењето се губат дури 30 отсто од вкупната количина на фолати. Можете да ја комбинирате со рендано јаболко и да ја зачините со маслиново масло и сок од лимон.

Ако изедете порција од 50 грама сирова пиперка ќе му обезбедите на вашиот организам 75 отсти од сите потреби кои ви се неопходни за добивање на енергија и за јакнење на имунитетот.

Провитаминот А кој се наоѓа во пиперката заедно со витаминот Ц, е одличен антиоксиданс кој помага во борбата против стареење на клетките и против кардиоваскуларните болести.