Која е готвачката од Бангкок со Мишелин ѕвезда за улична храна?

Ексцентричната седумдесетгодишна готвачка на улична храна во Банкок, Џеј Фаи, или тетка Фаи, е позната по нејзините жешки тестенини со шкампи и ракчиња, подготвени на оган од јаглен.

0
281

Откако на уличен продавач на храна од Сингапур му беше дадена Мишелин ѕвезда, што се случи за првпат во историјата на Мишелин водичот, со оваа ѕвезда се закити и 70-годишната Џеј Фаи од Бангкок. Објаснувањето на судиите од Мишелин е: ние оценуваме храна, а не објект.

Велат дека храната е фантастична и дека ја заслужува таа ѕвезда.

Старата готвачка сама ја подготвува храната, иако има асистенти кои ѝ ги подготвуваат состојките и може да опслужи само 7 маси. Затоа, доколку сте заинтересирани, морада направите резервација и да почекате неколку часа.

Храната ја готви на овие супер врели горилници на јаглен.

Нејзино најпознато јадење е дебелиот омлет со ракчиња чија цена сепак не е како онаа на големите ефтини порции кои ги нудат останатите улични продавачи на храна, но велат дека вреди да се проба.