Климатските промени се најголемиот предизвик со кој се соочува човештвото

Бројните сведоштва за големите тешкотии со кои се соочуваат секојдневно сите оние кои тесно соработуваат со природата, од кениските сточари, до Сами народот во Шведска, и од медитеранските рибари до фармерите од Андите, кои можевме да ги слушнеме на Тера Мадре Салоне дел Густо 2018, јасно го потврдуваат ова.

0
160

Големиот меѓународен настан посветен на добра, чиста и фер храна заврши завчера, потврдувајќи ја посветеноста на 7.000 делегати на Слоу Фуд од 150 земји за промена на глобалниот систем за храна со продолжување на нивната работа веднаш откако ќе се вратат во своите заедници. Особено, глобалната кампања за подигање на свеста за храна и климатските промени која беше лансирана во Торино. Тера Мадре Салоне дел Густо 2018 е завршена, но кампањата на Слоу Фуд против климатските промени, продолжува низ целиот свет.

Климатските промени се итно, глобално прашање кое има влијание врз сите заедници на производители кои присуствуваа на Тера Мадре Салоне дел Густо.

Нивните бројни сведоштва за големите тешкотии со кои се соочуваат секојдневно – покрај големите катастрофи кои стануваат се почести – јасно го потврдува ова. Од кениските сточари, до Сами народот во Шведска, и од медитеранските рибари до фармерите од Андите, сите оние кои тесно соработуваат со природата можат да ги видат последиците, како што рече и индискиот писател Амитав Гош на конференцијата, „тие се најголемиот предизвик со кој се соочува човештвото“.

Во наредните месеци, заедниците на Слоу Фуд ќе се соберат околу пораките што ги истакнаа нивните претставници на Тера Мадре во текот на овие пет дена, славејќи ги односите кои се формираат кога луѓето ги споделуваат вредностите врз основа на љубовта кон храната и земјата.

Тера Мадре Салоне дел Густо е место каде што домашните готвачи и готвачките ѕвезди од многу земји стојат еден покрај друг; каде што културните разлики се надминуваат; каде што се надминати идеологиите и ривалствата; кадешто, на пример, либанските и израелските готвачи го делат кујнскиот простор и разменуваат совети, а фински готвач од филипинско потекло создава примамливи кулинарски фузии. Руските готвачи презентирани на 33 форуми и Вкусови работилници и неколку земји, како што е Грузија, за првпат ја изложија својата земјоделска и гастрономска разновидност, со поддршка од нивните министерства за земјоделство.

Руските готвачи презентирани на 33 форуми и дегустаторски работилници и неколку земји, како што е Грузија, за првпат ја изложија својата земјоделска и гастрономска разновидност, со поддршка од нивните министерства за земјоделство.

Форумите и конференциите беа добро посетени; експерти, посетители и делегати придонесоа со многу стимулирачки идеи, уште еднаш потврдувајќи дека овој настан е извор на проекти за промени.

Врските помеѓу различните географски области стануваат се посилни и има многу настани планирани за блиска иднина: Ќе има нови изданија на Тера Мадре на нордиските земји (Гренланд првпат беше присутен на ова 12-то издание на Тера Мадре Салоне дел Густо) и Тера Мадре Бразил (во Баија); и во Латинска Америка, се формира мрежата на Слоу ранчеви во Куба и Колумбија, со што се здружуваат агроеколошките фарми.

Големата хаитска делегација и производители на новиот президиум во Јукатан се враќаат дома со голем ентузијазам. Во Азербејџан е лансиран проект за одржлив туризам поврзан со храна, додека австрискиот регион Каринтија, каде што Слоу Травел е активен неколку години, можеше да ги сподели крајно позитивните резултати со јавноста.

Многу важни готвачи, вклучувајќи го и Матео Баронето од ресторанот Del Cambio во Торино, кој зборуваше на завршната конференција за печат, ја објави својата заложба за обновување на локалните производи, од мали производители и работа во училиштата за едукација на младите луѓе за здрава храна. Кампањата „Храна за промени“ ќе започне со овие готвачи: Со нивната важна улога како јавни личности, тие имаат голема одговорност и можат да ја направат разликата во креирањето на свеста.

Слоу Фуд верува дека е од најголемо значење да се подигне свеста за климатските промени, што е реалност со која човештвото се соочува денес, иако многумина не се подготвени да ја прифатат итноста на ситуацијата.

Ричард МекКарти, извршен директор на Slow Food USA, истакна дека по завршувањето на Тера Мадре Салоне дел Густо, работата ќе продолжи со подигање на свеста преку интензивна посветеност, од целата мрежа на Слоу Фуд во борбата против климатските промени. Храна за промени е повик за акција и покана за воведување на „бавна храна“ низ целиот свет за да се иницира специфичен предизвик помеѓу 16 и 22 октомври. Во текот на една недела, можете да изберете да готвите само со локални состојки, да не јадете месо или да го намалите отпадот од храна до нула – или уште подобро, можете да се заложите за сите три иницијативи.

Врз основа на бројот на луѓе кои учествуваат во овие предизвици, во соработка со Indaco2 (Indicatori Ambientali e CO2, или „Индикатори за животната средина и CO2“), можеме да ги процениме и резултатите од нашата колективна посветеност.

Оваа кампања, која го започнува наследството на Terra Madre Salone del Gusto, ги повикува сите да се мобилизираат и да преземат конкретни чекори за да придонесат за спасување на нашата планета.