Тестото за киш е најлесно и не треба никакво искуство за да се направи, а можете да си направите и поголема количина која ќе ја замрзнете па така секогаш ќе имате при рака готово тесто.
Состојки:
За тестото:
300 г брашно
150 г путер
1 јајце
сол
За филот:
Две стапчиња праз
2 јајца
1 павлака
сол, црн пипер
сланина
печурки
1/2 тиквица
Приготвување:
Помешајте ги состојките и формирајте го тестото во топче кое ќе го завиткате во проѕирна фолија и ќе го оставите во фрижидер барем половина час.
Исечете го празот на тркалца, а сланината на коцки и пропржете ги на малку масло, па додадете ги печурките и тиквицата исечкана на коцкички и зачинете. Откако ќе се пропржат, ставете го на страна да се подизлади па додадете ги јајцата и павлаката.
Извадете го тестото од фрижидерот и развлечете го на големина од тепсијата за печење. Избоцкајте го со вилушка на неколку места и ставете го одозгора филот па печете во загреана рерна 30-40 минути, во зваисност од рерната.
Се разбира, филот можете да го направите и од нешто друго. Зависи што ви останало во фрижидерот.