Есенска гозба на Скопска Црна Гора

Разноразни мезиња подготвени дома, скара направена на лице место и друштво на мили луѓе среде есенска иконографија во дворот од манастирот „Св.Никита“... Ви звучи ли ова како совршена неделна гозба?

0
528

Нема ништо поубаво од сончевите зраци кога знаете дека се тие меѓу последните пред да се соочите со мрачните дожделиви есенски денови кои ни претстојат.

А сончевите денови во есен не смеат да се пропуштат, па ако прогнозите за следниот викенд велат дека повторно ќе не огрее сонце, пробајте ја нашата неделна дестинација и со пријателите или со семејството уживајте на отворено, во дворот од манастирот Свети Никита на Скопска Црна Гора.

За дрвените маси и клупи и за веќе распалената скара која ќе ве дочека, се грижат луѓето кои доаѓаат тука традиционално, со години, па решиле од ова место да направат привлечна дестинација за пикник кадешто скопјани ќе се дружат, ќе се гоштеваат и ќе дишат чист воздух, а сето тоа нема да ги чини ни денар повеќе отколку да се дома.