Кекси со лук и кашкавал

Еве нова идеја за едноставни солени кекси што се топат во уста. Ќе ви треба некој зрел, тврд кашкавал што може да се ренда, малку лук во прав и ќе имате што да грицкате додека гледате некое филмче, а може да бидат и добар појадок за на работа.

0
540

Состојки:

3 шолји брашно

1/2 лажичка сол

1/2 лажичка лук во прав
1 лажица прашок за пециво

1 шолја путер, ладен исечен на коцки

1 шолја рендан кашкавал

1 шолја млеко

Суви зачински билки.

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете хартија за печење во тепсијата. nje.
  2. Во голем сад измешајте ги брашното, солта, лукот и прашокот за пециво. По желба ставете и некои зачини како рузмарин, оригано и слично.
  3. Во сувите состојки додадете го путерот исечен на коцки и добро измешајте. Во смесата ќе се направат грутчиња со големина на грашок.
  4. Помешајте ги и кашкавалот и млекото и со раце замесете го тестото, не не премногу за да не биде набиено.
  5. Ставете го тестото на набрашнета површина и раширете го во круг со дебелина околу 2.5 – 3 цм. Со чаша вадете тркалезни форми и редете ги врз хартијата за печење а потоа премачкајте ги со растопен путер.
  6. Печете ги околу 10-15 минути.