Состојки:
2 шолји мусли
Јаткасто овошје по вкус (ореви, бадеми, лешници)
Суво овошје по вкус
1/2 шолја кафеав шеќер
1/4 шолја брашно
4 лажици путер исечкан на парчиња
2 пакувања замрзнати малини
1 шолја кисела павлака
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 190 степени.
- Помешајте ги муслите, шеќерот и брашното, па додадете ги путерот и исечканите јаткасти плодови и суво овошје. Мешајте со рака додека не се формираат грутчиња.
- Малините и киселата павлака, помешајте ги па ставете ги во керамичкиот сад, а мешавината од мусли издробете ја одозгора.
Покријте со фолија и печете 30 минути, а потоа извадете ја фолијата и печете уште 10 минути.