Карамел коцки

0
400

Состојки:

½ шолја путер
1 конзерва кондензирано млеко
2 лажици јаворов сируп
1 шолја кафеав шеќер
1 шолја бело чоколадо

Приготвување:

1. Искршете го чоколадото на коцки и оставете го настрана.
2. Обложете ја лимената тепсија со хартија.
3. Ставете ги путерот, јаворовиот сируп, кондензираното млеко и кафеавиот шеќер во средно големо тенџере. Гответе на тивок оган 10 минути, или додека смесата да стане густа и да добие кафеава боја.
4. Тргнете го тенџерето од оган и додадете ги коцките бело чоколадо и мешајте брзо за да добиете компактна смеса.
5. Брзо преместете ја смесата во тепсијата и оставете ја преку ноќ во фрижидер.
6. Се сече на коцки откако целосно ќе се излади.