Состојки:
400 г свеж спанаќ
20 г пињоли
200 г рикота (може и свежа урда)
3 јајца
сол, црн пипер, маст или зејтин
1 чешне лук
16 канелони
Пармезан
100 г павлака
Приготвување:
Го бланшираме спанаќот, го оставаме да се олади и го сечкаме. Намрсете го садот за печење и загрејте ја рерната на 200 степени.
Пињолите кратко пропржете ги. Помешајте го сирењето со едно јајце и додадете сол и црн пипер. Исечкајте го лукот и додадете го во смесата. Пињолите исечкајте ги и додадете ги, а на крајот се додава и спанаќот. Со оваа смеса ги полниме канелоните и ги редиме во садот за печење. Ги поросуваме со пармезан, а преостанатите јајца ги мешаме со павлака и со оваа смеса ги преливаме канелоните.
Се пече околу 35 минути и се служи топло.
Преземено од ТУКА.