Калинката е одлична за срцето и крвните садови и се верува дека има најсилни антиоксиданси од сите овошја.
Од секогаш биле симбол на здравје, плодност и долговечност. Богати се со флавоноиди и полифеноли, силни антиоксиданси кои ве штитат од срцеви болести и рак. Само една чаша чист сок од калинки има повеќе антиоксиданти отколку црвеното вино, зелениот чај, боровинките и брусниците. Полни се со витамини Б, калиум и фолна киселина.
Треба да ги консумираат сите што имаат проблеми со срцето и крвните садови (или пак предиспозиции за тие болести), висок холестерол, затнати артерии (во овој случај се особено ефикасни)…
Некои истражувања покажале дека калинките се повеќе од одлични за спречување на развој на рак на дојка, рак на простата, на дебело црево, леукемија, тумори, … Освен тоа, содржи и компоненти кои го креваат нивото на серотонин и благотворно делуваат на сите кои се депресивни и анксиозни.
Сокот од калинки може да послужи и како додаток во салатите, а и како вода за испирање на устата, затоа што има антибактериски својства. Разредете го сокот со вода во сооднос 1:3и со тоа испирајте ја устата неколку минути пред миењето заби.