Каква грешка правиме сите кога јадеме овошје?

0
873

Овошјето е основна прехранбена намирница која содржи важни витамини, протеини и прехранбени влакна потребни за правилна работа на организмот. Но тоа содржи и голен процент на фруктоза која може да им наштети на оние кои го земаат на погрешен начин.

Фруктозата е вид на едноставен шеќер кој му дава блажина на овошјето, но и на медот и на заменските сладила како што е на пример, сирупот од агава. Баш како и секој друг шеќер и таа може значително да го зголеми нивото на шеќер во крвта, во зависност од видот на слатките плодови што ги јадеме.

Бананите, мангото, смоквите и грозјето се плодови со висок процент на фруктоза, кој ќе предизвика нагол скок на шеќерот во крвта, што може да резултира со лесна грозница, вртоглавица и уште посилна желба за слатко.

Помалку фруктоза и помали скокови на шеќерот во крвта ќе обезбеди помалку благото овошје како боровинките, дињите и малините. Но за да се забави апсорпцијата на фруктозата, не треба да се откажуваме од овошјето со висок процент на шеќери, туку треба да го комбинираме на соодветен начин.

Комбинацијата на овошје со маснотии или протеини ќе го забави растот на шеќерот во крвта, истакнува американската нутриционистка Францис Лергеман-Рот, која додава: Токму затоа јаболките со путер од кикирики, шумското овошје со јогурт и грозјето со сирење се класични и здрави залачиња.