Како правилно се консумира лукот?

Пред консумирањето задолжително згмечете го за да ја поттикнете ензимската реакција во која настанува алицинот, соединение на кое лукот може да му се заблагодари за сите свои лековити својства.

0
381

Лукот е една од најмоќните билки на светот благодарение на силните лековити својства. Познат е како природен антибиотик, а дека е навистина лековит потврдуваат и стручњаците. Во него се наоѓаат речиси стотина активни хемиски соединенија, а меѓу нив и неколку антиоксиданси – соединенија кои го намалуваат трошењето и оптовареноста на клетките на организмот.

Сѐ уште не е сосема јасно како сите составни делови на лукот делуваат во телото, но тој навистина дејствува како антибиотик, средство за одзатнување на дишните патишта, антиканцерогено и противвоспалително, ги сизбива габите и одделни вируси. За сите свои лековити својства, лукот може да му заблагодари на своето моќно соединение алицин со кој оваа билка заштитува од напад на бактерии и габички.

За  да се искористи на најдобар начин благотворното дејство на лукот, би требало често и правилно да се консумира.

  1. Пред консумирањето задолжително згмечете го за да ја поттикнете ензимската реакција во која настанува алицинот.
  2. Секој ден јадете најмалку три чешниња лук.
  3. Најдобро е да се консумира во сирова состојба.
  4. Ако го обработувате термики, тоа нека трае кратко, не повеќе од 10 минути.
  5. Многумина избегнуваат да го јадат поради јакиот мирис. Важно е да се знае дека е тој последица од материите кои содржат сулфур и кои му даваат лековити свосјтва. Затоа, проблемот на непријатен здив можете да го решите џвакајќи магдонос, зрна кафе анасон.

Фото: Pixabey