Овесните снегулки се совршен појадок, едноставни и вкусни. Ѝ припаѓаат на групата целовити житарки и можат да се консумираат на различни начини.
Најдобро од сѐ е тоа што можат да се варат во вода. Тогаш набабруваат и во вашиот желудник заземаат многу место, а за вас тоа значи дека помала порција е доволна да се чувствувате долго сити. Не содржат многу влакна, но сосема доволно за да помогнат во регулирањето на нивото на холестерол и да ја поттикнат работата на системот за варење.
Јадете премногу голема порција
Само затоа што се здрави не значи дека можете да ги јадете во неграничени количини. Околу 1/2 шолја овесни снегулки се сосема доволно. Така ќе внесете 150 калории, но ако не ги земете предвид и додатоците со кои ги јадете, како што се млеко или овошје. Со додатоците брјот на калории ќе порасне отприлика на 300. Појадокот ќе ве засити, но нема да предизвика дебелеење.
Додавате премногу шеќери
Постојат разни начини да ги заблажите своите овесни снегулки, но немојте да претерувате со ништо. Медот е здрав, но и тој содржи калории. Наместо мед почнете да користите цимет, незаблажено какао во прав или екстракт од ванила.Вкусот ќе биде и натаму одличен, а нема да има многу повеќе калории.
Додавате премногу суво овошје
Сувото овошјесодржи повеќе калории од свежото, затоа подобро е да додадете замрзнато или свежо овошје.
Ставате премногу јаткасти плодови
Сигурно мислите дека не можете да згрешите колку и да ставите. Тие содржат протеини и здрави масти, а сето тоа му е потребно на вашето тел, особено наутро. Но без оглед на тоа што станува збр за здрави масти, јаткастите плодови содржат многу калории. Прекумерната консумација на јакасти плодови ќе предизвика прекумерно внесување на калории. Доволо е да се додаде една рака јаткасти плодови.
Не купувате обични овесни снегулки, туку такви со додадени вкусови
Можеби се тие повкусни, ама не се толку здрави. Освен тоа, содржат и многу шеќери. Затоа најдобро е да консумирате обични овесни снеглки, па самите да им го збогатите вкусот. Освен тоа, обичните овесни снегулки апсорбираат повеќе вода од оние кои се збгатени со вкусови. За вас тоа значи подолго чувство на ситост и подора работа на системот за варење.
Не додавате ништо
Понекогаш луѓето ги јадат овесните снегулки само со вода или со млеко. Тоа можете да го правите повремено, но сепак, подобро е кога појадокот содржи низа хранливи материи, па е добро ако додадете малку свежо овошје, малку јаткасти плодови и лажичка цимет. Така порцијата ќе содржи 300 до 400 калории што е сосема доволно за здрав појадок.
Фото: Pixabey