Совршено варен ориз е сон кој многумина се ште не можат да го остварат. Неуспешните обиди им носат кашести смеси, крцкави зрна или мешавина од двете.
Го следите инструкциите од пакувањето, но сепак не го добивате тоа што го сакате. Можете да купите специјален сад за варење ориз, но сакате вие да бидете мајсторот.
Едно нешто што го знаат сите добри мајстори за ориз е дека не постои универзален метод за подготвување на сите видови на ориз.
Се зависи од типот на ориз, како е натопен и како е зачинет.
За да добиете совршено подготвени зрна ориз, следете некои од овие чекори.
Миење и натопување
Ако го плакнете белиот ориз сè додека водата не стане јасна за да се ослободи од вишокот скроб, тоа може да предизвика лепливост на оризот.
Ако немате обичај да го натопувате оризот, секогаш можете да го прескокнете овој чекор за повеќето видови ориз, но кога станува збор за кафеав ориз, натопете го барем 30 минути до 1 час.
Не мора да се плакне и да се натопува, но натопувањето преку ноќ помага оризот да стане полесен за варење, да ги отвори зрната за подобра апсорпција на вода, го забрзува готвењето и ги намалува нивоата на арсен и фитинска киселина. Филатите спречуваат телото да ги апсорбира хранливите состојки како магнезиум и калциум.
Многу готвачи го натопуваат оризот најмалку 20 до 30 минути пред готвењето, што е во ред наместо натопување преку цела ноќ. Еве кои видови ориз треба да се натопуваат: средно бели или кафеави зрна, бели или кафеави кратки зрна, Басамати, Јасмин и Тексмати.
За дивиот ориз, натопете најмалку 6 до 8 часа, што ќе помогне да се скрати времето за готвење. Пред да го зготвите, исцедете ја водата!
Сооднос на вода и ориз
За белиот ориз (долги зрна, Басамати, Јасмин), се става 1 шолја ориз на околу 1½ до 1¾ чаши вода.
За кафеавиот ориз, соодносот е 2 спрема 1. Значи, 2 чаши вода (или супа) за 1 чаша ориз. Дивиот ориз треба да се готви подолго и повеќе апсорбира вода, такашто соодносот треба да биде 3 чаши вода за 1 чаша ориз.
Готвење
Ставете ги оризот и течноста во средно до големо тенџере со капак. Додадете 1 лажица путер или маслиново масло и 1 лажичка сол. Донесете го оризот до вриење, откриен, на средно висока топлина.
За белите варијанти на ориз, го натопувате оризот во покриен сад на средно ниска или ниска температура се додека не се апсорбира целата вода, што е обично 15 до 20 минути. Ако претходно сте го натопувале, доволни се 10 минути. Не го отворајте капакот!
Ненатопениот кафеав ориз треба да се вари полека со капак 45 до 50 минути. Претходно натопениот кафеав ориз може да се готви 20 минути, повторно, покриен со капак.
За дивиот ориз, намалете ја топлината на средно ниско и варете 20 минути ако е претходно натопен. Ако не сте го натопиле, варите 45 минути.
Каков ориз и да правите, само не го варете отскриен. Ако е капакот подотворен или ако го варите без капак, ќе ѝ овозможите на пареата да побегне што ќе ве оневозможи да добиете совршен ориз. Што се однесува до аромата, можете слободно да додадете и зачини покрај путерот и солта.