Вашите очи и носот се најдобри алати за проверување на свежината на прехранбените продукти во вашата кујна. Сепак, кога станува збор за јајца, проверката бара малку покреативни методи. Секако трудот се исплати затоа што повеќето јајца се и натаму безбедни за консумирање и по истекот на „рокот на траење“. Како да го откриете тоа?
Едноставно наполнете сад со ладна вода а потоа ставете ги внатре јајцата. Ако потонат на дното и останат таму, станува збор за многу свежи јајца. Ако се стари неколку недели, но се се уште безбедни за консумирање, ќе стојат исправено на дното од садот. Но јајцата кои ебдат на површината од водата повеќе не се за употреба па не би требало да ги консумирате.
Можете да испробате и уште еден метод. Скршете го јајцето и ставете го во обична чинија. Ако е јајцето свежо олчката би требало да биде силно жолта или со портокалова боја, а белката не би требало премногу да се разлее. Ако не сте сигурни, можете да го употребите и носот – свежите јајца речиси и немаат никаков мирис.