Како да замрзнете авокадо?

Ако сте еден од оние кои обожаваат авокадо и сакаат да го имаат при рака во секој момент, еве неколку одлични начини да ја замрзнете својата омилена намирница.

0
423

На овој начин можете да купите неколку плодови авокадо кога ќе го најдете по намалена цена и да си направите своја резерва без да се плашите дека може да се расипе.

На половини

Ова е најлесен начин за замрзнување авокадо. Едноставно пресечете го на пола по должина, ставете ги на чинија и исцедете врз двете половини сок од лимон. Се препорачуваат околу две лажички сок на секое големо авокадо или едн доколку е авокадото помало. Ставете ги половините во пластична кесичка за замрзнување истиснете го колку што можете воздухот од неа.

Исечкани на парченца

Ако сакате уште повеќе да спречите авокадото да потемни порад допир со воздух, можете да го исечете на парченца и да ги попрскате со сок од лимон. Потоа ставете ги во кесичка со затварач и истиснете што повеќе воздух од неа. Се препорачуваат 2-4 авокада по кесичка.

Згмечени

Ако замрзнете половини или парченца авокадо, потоа тоа ќе има повеќе грутчиња отколку ако замрзнете веќе згмечено авокадо.

Едноставно, ставете го авокадото во блендер, исцедете малку сок од лимон и мешајте додека не ја добие саканата текстура. Потоа сѐ ставете во пластична кесичказа замрзнување, истиснете го воздухот и замрзнете. Можете ова да го направите и во кутија за коцки мраз.

Фото: Pixabey