Како да насадите пченица за Божиќ? (ВИДЕО)

0
2354

Околу Божикните празници постојат повеќе обичаи, но она што е основно за овој празник е тоа што тогаш завршуваат постите, а празникот се прославува дома, со семејството.
Покрај сите обичаи, собирањето на семејството околу богатата трпеза е главен настан. Незнам дали во вашите домови сте го правеле овој обичај, но знам дека ова е одличен поттик да го направите. Ќе биде во духот на празниците, а ќе добиете и здрави никулци кои потоа ќе можете да ги употребите како додаток во житарките за појадок, во вашето смути или пак во сендвичи.
Божиќното жито е симбол кој означува каква ќе ви биде Новата година. Затоа, треба да се засади на време за да биде зелено и бујно до Божиќ, бидејќи тоа, во минатото значело дека такви ќе бидат и посевите во текот на годината.

Пченицата се сади на празникот на Света велокомаченичка Варвара, на 17. декември или на Свети Никола – на 19. декември, кај православните христијани, а кај католиците на 13. декември, на денот на Света Луција.
За садењето ви е потребно една рака пченица и рамка поголема чинија или сад во кој ќе ја посадите.
Можете да го направите тоа со земја, такашто во плиток сад ставете земја, па на неа ја редите пченицата, која преку ноќ стоела во вода, а потоа ќе ја покриете со малку земја, која секој ден ќе ја мокрите, односно ќе ја прскате со вода на собна температура. Но можете да го направите тоа и без земја. Се сеќавам дека мајка ми ја ставаше во голема бакарна тепсија од која потоа ги сечеше зелените делови и ни ги ставаше во салата или во сендвичи.

Но прво, направете како што е редот. На Бадник ставете свеќа во средина, а житото врзете го со црвена машна.
Доколку одлучите да посадите пченица, направете го тоа според обичајот, на 17. или на 19. декември.

Фотографијата е од ТУКА.

Погледнете го видеото за да видите колку е едноставно.