Состојки:
1 шоља сечкан свеж ѓумбир
1 шоља шеќер
3 шољи вода
Приготвување:
Исечкајте го ѓумбирот на ситни коцкички, па ставете ги во тенџере со водата и шеќерот на рингла вклучена на посилно додека не зоврие смесата, а потоа намалете ја температурата и варете го сирупот околу 1 час или додека не се згусне.
Оставете го да се олади, процедете го низ газа и убаво стиснете ги парчињата ѓумбир за да ги искористите максимално.
Чувајте го сирупот во тегличка во фрижидер.