Како да направите домашна гранола?

Ако имате обичај вашиот појадок да е екстра брз, вкусен и здрав, направете си домашна гранола. Убава, крцкава гранола со јогурт или бадемово млеко. Состојките можете да ги менувате по ваша желба.

0
643

Состојки:

1 лажица сирово какао
1 лажица мед
2-3 лажици кокосово масло
Шолја овесни снегулки
1/3 шолја сончогледови семки
1/3 шолја ленено семе
1/3 шолја крупно сечкани ореви
1/3 шолја суви брусници

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 150°C.
Во еден сад стопете ги медот и кокосовото масло па додадете сирово какао
Во добиената смеса додадете ги останатите состојки и измешајте
Ако смесата ви изгледа премногу сува, додадете уште малку кокосово масло. Ако сакате, можете во смесата да додавате и други работи, како бадмеи, лешници, суви кајсии, суво грозје,…
Распоредете ја смесата на калапот во кој ќе ставите хартија за печење и ставете го во рерна на20 минути.
Мешајте на секои 7-8 минути за сите делови да се потпечат еднакво.
Готовата гранола оставете ја да се олади и чувајте ја во посебен сад.
Можете да ја јадете со јогурт, млеко или да ја додадете во смути.