Јастогот и раковите не смеат да страдаат пред да се зготват!

Живите ракови, вклучително и јастогот, од сега мора прво да бидат онесвестени, пред да бидат убиени, се наведува во новиот правилник.

0
302

Швајцарија денеска ја забрани вообичаената кулинарска пракса, ставањето жив јастог во зовриена вода, во рамки на измената на правилата за заштита на животната средина.

Живите ракови, вклучително и јастогот, отсега мора прво да бидат онесвестени, пред да бидат убиени, се наведува во новиот правилник, што ќе стапи на сила во март.

Правилата, исто така имаат за цел да ги откријат незаконските фарми за кучиња, да воведат забрана за уредите кои се користат за казнување на кучињата, да се воведат нови услови за успивање на болните или повредените животни, како и да се воведат казни за организаторите на борбите со кучиња.