Сите домашни мајонези се поздрави од купечките затоа што не содржат конзерванси и разни други додатоци, адитиви, засилувачи на вкусови, а ако сакате мајонез, а постите, сигурно ви недостасува. Еве како да си направите домашен посен мајонез со аквафаба.
Состојки:
50 мл аквафаба (водата од конзерва со наут или грав), разладена во фрижидер
2 лажици сок од лимон
½ лажичка сенф
½ лажичка сол
1 помало чешне лук
Околу 100 мл сончогледово масло (можете како поздрава варијанта да употребите и ладно цедено сончогледово, но во тој случај ќе преовладува вкусот на сончогледот)
Приготвување:
Во потесен длабок сад ставете ги сите состојки освен маслото. Измешајте со миксер или во блендер, а потоа постепено долевајте масло, малку по малку со постојано мешање. Кога ќе започне да се згуснува, забавете или престанете да долевате масло затоа што ако претерате, можете да го разводните. Дегустирајте и по потреба додадете уште сол или сок од лимон.