Како да направите домашен мајонез од маслиново масло?

0
821

Состојки:

1 жолчка

¼ лажичка сол (или по вкус)

1 лажица сок од лимон

1 лажичка сенф

240 мл маслиново масло

Приготвување:

Ставете ги во еден сад жолчката, сокот од лимон и сенфот и почнете да матете. Во слаб млаз постепено долевајте од маслото и не престанувајте со матењето додека не се потроши целата количина. Набрзо ќе добиете густа маса, односно, мајонез кој можете да го чувате во фрижидер околу една недела.