Како да направите домашен чизкејк, без многу стрес?

Сите го сакаме овој сочен кремав колач, но неговото приготвување може да е прилично стресно. Но не и според овие упатства, чекор по чекор до совршен чизкејк со сос од јагоди

0
367

Следете ги инструкциите кои ги најдовме ТУКА.

Најпрвин подгответе ги сите потребни состојки потребни за чизкејк за 6 до 8 лица:

Ingredients

200 грама интегрални кекси или дигестивни колачиња
1/2 чаша стопен путер
500 грама крем сирење
1/2 чаша тежок крем за колачи
1/2 чаша шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
2 лесно изматени јајца
1 лажичка пченкарен скроб
250 грама јагоди и 1 лажица слаткарски шеќер за сос

Break the cookies

Здробете ги кексите во поголем сад.

Crush the cookies

Гмечете го кексите со толчник додека не се распаднат целосно.

Add the melted  butter

Додадете го стопениот путер и измешајте.

The crust is ready

Смесата треба да биде податлива кога ја држите во раце. Тоа е кората за вашиот чизкејк.
Add to the cake pan

Истурете ја смесата во садот за торта. Најдобро е да се користи силиконски или метален сад. Ако ја користите металната верзија, најдобро е да земете таков со подвижни рабови. Започнете со притискање на тестото надолу со користење на задниот дел од лажицата.

Press down

Додека притискате надолу, проверете дали рабовите на кората лесно се вртат угоре. Не ја притискајте премногу смесата, во спротивно вашата кора ќе стане премногу тешка. Чувајте ја во фрижидер најмалку 2 часа, или додека кората не се зацврсне.

Prepare the filling

Пригответе го филот. Загрејте ја рерната на 200°Ц.

Ставете го сирењето во сад, а потоа додадете го кремот и измешајте.

Add the eggs

Додадете ги јајцата и повторно измешајте.

Add the sugar

Додадете го шеќерот.

Add the cornstarch and the vanilla

Додадете ги скробот и екстрактот од ванила.

Mix

Добро измешајте со помош на маталка додека не добиете смеса без никакви грутки.
Pour the cream into the cake pan
Истурете го кремот врз кората.
Flatten out

Израмнете ја површината со помош на шпатула. Печете 40 минути.

Сега, тука е тајната за совршено испечен колач: кога центарот од колачот сѐ уште малку се ниша кога ќе го допрете тавчето за торта, тогаш знаете дека е готово.

Исклучете ја рерната и оставете го колачот во рерната уште 15 минути.

На овој начин можете да бидете сигурни дека вашиот колач нема да се скрши или да испука.

Prepare the strawberry sauce

Додека колачот се пече, подгответе го сосот од јагоди. Оставете 4 јагоди за украсување.

Измијте ги преостанатите јагоди и мешајте заедно со шеќерот, додека не добиете мазна смеса.

Доколку е потребно, поминете го сосот преку цедилка за да се ослободите од сите делови од јагоди кои нема да се измешаат.

Ставете го сосот во фрижидер додека не дојде време да го искористите.

The cheesecake is cooked

Колачот е печен и нема ниту една пукнатина!

Извадете го од рерната и оставете го да се олади до собна температура. Потоа ставете го во фрижидер на најмалку 6 часа, или идеално преку ноќ. Тоа е уште една тајна за да се избегне термичкиот шок што може да предизвика пукнатина на колачот.
Serve
Послужете го такашто ќе го украсите со неколку јагоди и со сос од јагоди. Исто така, можете да ставите од сосот врз колачот.