Кога првпат прочитав дека лубениците треба да се чуваат на собна температура затоа што во тој случај имаат значително повеќе антиоксиданси од оние кои поминале некое време во фрижидер, си реков дека тоа баш и нема да биде многу вкусно.
Пробав еднаш и иако лубеницата беше блага и сочна, вкусот со оној на добро изладена лубеница беше неспоредлив.
Лубениците се богати со ликопен и бета каротен, природни антиоксиданси кои имаат цела низа здравствени придобивки, па затоа лубеницата е одличен сојузник во борбата против нарушеното здравје на кожата – велат дека „штити однатре“ токму како што тоа го прави заштитниот фактор од надвор. А токму поради високиот процент на ликопен, нутриционистите тврдат дека на лубеницата не ѝ е местото во фрижидер, како и на доматите. Но ако не можете да ѝ одолеете на изладената лубеница, внимавајте на следново:
Исечете ја едната половина од лубеницата на поголеми парчиња и заштитете ги со проѕирна фолија, а истото направете го и со неисечената половина, но не ги чувајте подолго од една недела. Всушност, се препорачува лубеницата која стои во фрижидер да с еизеде во рок од три дена.