Како да избегнете генетски модифицирана храна?

Се почесто на полиците се продаваат производи декларирани како FREE GMO. Дали тогаш значи дека се сите останати ГМО?

0
851

Научниците генетски модифицираат посеви за да ја зголемат отпорноста на билките, приносот и да го намалат времето потребно за созревање. Најголем проблем е што воопшто не знаеме како овие намирници влијаат на нашето здравје затоа што истражувањата и резултатите на оваа тема се уште не се објавени. Сепак, истражувањата во приватни лаборатории покажале дека исхраната со ГМО ги убива живите организми, а ако се консумира во подолг временски период може да предизвика тешки болести како рак, тумор, деформации и малформации.

Советот до нутриционистите е да се држиме до свежите намирници или до оние кои се одгледуваат локално, а ГМО производите да ги избегнуваме. Иако GMO производите не се обележани, постои трик кој ќе ви помогне да ги идентификувате.

Побарајте број на налепницата на производот – PLU (Product Lookup Number)

Ако е PLU четирицифрен број кој почнува со 3 или 4, производот не е ГМО, но настанал на фарма која користи хемикалии и пестициди што исто така може да биде отровно и опасно за човечкиот организам.

Ако бројот на налепницата има пет бројки кои почнуваат со 9, производот е органски, одгледан без хемикалии, пестициди, односно без генетски модификации. Овие намирници се целосно безбедни.

Производите кои се означени со петоцифрен број, а почнуваат со 8 се ГМО посеви кои се неприродно одгледани со примена на генетски модификации.

Уште еден од начините да избегнете ГМО е да консумирате производи кои ретко генетски се модифицираат: кромид, ананас, авокадо, анго, плав матлиџан, киви, диња, зека, сладок компир, грејпфрут, лубеници и печурки.

Следните производи имаат многу повеќе шанси да бидат генетски модифицирани: јаболки, целер, пиперки, праски, јагодим нектарини, грозје, спанаќ, зелена салата, краставици, боровници, компир, боранија, кељ, портокал, пченка, тиквици, вишни и лути пиперчиња.

Основни принципи на препознавање на ГМО храна

ГМО храната е главно поубава, потркалезна, поблескава, производите се  со воедначени големини и изглед, без оштетувања, дамки и нерамнини.

Кај природниот зеленчук е поинаку, исто како што сите не сме еднакво високи, дебели или слаби.

Ви советуваме да купувате нерамни, неправилни плодови кои немаат убав изглед. Многу е важно овошјето и зеленчукот да имаат разични бои и облици. Немма врска ако се накде удрени или се аку скапани, затоа што тоа знаи дека се живи и природни. На оние полици кадешто има вакво овошје и зеленчук, мали се шансите да има ГМО производи.

Занемарете го убавото пакување

Токму профитабилноста на ГМО производите им дозволува на производителите да потрошат повеќе пари на поубави амбалажи.

Информирајте се на интернет за тоа кои земји одгледуваат ГМО.

Ако некој производ потекнува од земја која произведува ГМО, големите се шансите да е таков.

Земји кои забраниле увоз и производство на ГМО се Франција, Швајцарија и Унгарија.

Најголеми производители на ГМО се: САД, Аргентина, Бразил, Кина и Индија, која прави дури и ГМО памук.

Обидете се да исфрлите од исхраната се што би можео да биде ГМО.

Во најголем број случаи тоа е месото од животните кои се хранат со ГМО храна или популарни грицки и чипсеви затоа што на големите компании им одговара суровините да бидат со иста големина и состав.

Генетски модифицираната храна е најефтина, додека здравата е обично неверојатно скапа, заради што е најчесто недостапна за посиромашниот дел од населението.

Старо правило за чување на здравјето е консуирањето на сезонско овошје и зеленчук. Ако во продавницата иа овошје и зеленчук кое не е во сезона, тогаш истото е често од увоз, (треба да се обрне внимание на тоа од која земја доаѓа) или е одгледано во пластеници со употреба на некои био-технологии, подобручи на раст и пестициди.

Дури 92 отсто од сојата на светот се ГМО

Според податоците на ISAAA (Меѓународна служба за набавка на земјоделско-биотехнолошка докуентација), но и на податоците на ЕУ, од 2007.година кога светското производство на соја било 58,6 отсто генетски одифицирано, преку 2010.година кога изнесувало 80 отсто, до денес – 92 отсто од вкупното светско производство на соја е ГМО. Овој податок е прилично јасен. Многу се мали шансите дека токму вие е наидете на тие 8 отсто соја која не е ГМО.